Македонија
11. December 2023 - 12:17

Производителите на органска храна се жалат на нелојална конкуренција

Граѓаните незнаат каква храна јадат .На пазарите многу често се нудат производи за кои пазарџиите тврдат дека се домашни произведени од нивните бавчи но ги набавуваат од маркетите и ги препродаваат ,лицата кои се  занимаваат со органска храна бараат поголема заштита на производите.

Потребни се поголеми контроли од инспекторите за да  се стави крај на дивите препродавачи на храна.

Од здружението посочуваат дека oрганското производство може да биде иднината на македонското земјоделство. Ресурси и услови има, но засега многу мал број од земјоделците решиле да ги искористат.