Професионална велосипедска трка во Oпштина Илинден

Општина Илинден, во соработка со Велосипедската федерација денеска организираше велосипедска трка во должина од 100 километри на којашто учествуваа седумдесетина професионални велосипедисти од цела држава во шест категории; У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит, информираат од Општина Илинден.

Трката која е влезена во календарот на федерацијата и се бодува за купот на нашата земја беше од кружен карактер, а стартната позиција беше од спортската сала „Гоце Делчев“, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта, односно спортската сала ,,Гоце Делчев”.
Од општината информираат дека покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која со своите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот, особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
