Продолжениот празничен викенд го наполни Охрид со туристи
Илинденскиот викенд донесе голем број гости.
Охрид привлечен за туристите ,деновиве се бара место повеќе. Иако цените во угостителските објекти и сместувачките капацитети диктирани од големите поскапувања се зголемени за 20 до 30 посто сепак градот е преполн со гости, но се чуствува економската криза и намалената куповна моќ. Хотелиерите посочуваат дека сепак нашите туристички центри се поевтини за разлика од соседните земји.
Туристите кои одмараат на брегот на езерото уживаат во богатата понуда за сечиј вкус. Овој период особено зголемен е бројот на посетители вљубеници на уметноста и музиката.
Организирани групи има и во Вевчани која со природните убавини е магнет за посетителите .
Туристичките работници се надеваат на плодна летна сезона со оглед на огромната посетеност во градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
