Македонија
20. August 2026 - 10:53

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Ново на Сител