Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа

На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. Палатица.
При тоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото „мерцедес“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле В.И. (46) и тригодишно дете, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а по документирање на случајот, против С.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
