Македонија
22. February 2023 - 16:37

Приведен осомничениот за нападот на Пендиков кој беше во бегство

Уапсен млад битолчанец втор осомничен за нападот на Христијан Пендиков.Тој е приведен од страна на охридската полиција осомничен дека учествувал во тепачката која што се случи на 19 јануари во Охрид . Според првичните информации, тој се сомничи за тешка телесна повреда поради тоа што го натепал секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети , а за тоа дали ќе му бидат одредени мерки, ќе каже охридското Обвинителство.

(На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.)посочуваат од СВР Охрид

Постапка за нападот на Пендиков досега се водеше против едно лице, кое беше и 30 дена во притвор а деновиве беше пуштен да се брани од слобода. Нему ќе му се суди во охридскиот суд, а рочиштата почнуваат од 28 февруари. Според првичните информации на Обвинителството, мотивите биле поради тоа што Пендиков имал бугарска самосвест. По ова, Пендиков, кој е генерален секретар и на бугарскиот клуб во Охрид, беше земен од бугарските власти и лекуван во Софија.

Кафанската тепачка во која настада Пендиков предизвика сериозни нарушувања на македонско-бугарските односи и целиот случај, доби сосема друга димензија.