Македонија
17. August 2026 - 10:39

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

Полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар.

-Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште - соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

МИА