Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии

На 07.09.2026, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска. Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките. З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
