Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга

Физички напади од невенчан сопруг и девер биле пријавени во полиција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет, појаснија од СВР - Велес.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден во СВР - Велес, С.М., на возраст од 31 година од Кавадарци, пријавила дека во дворот од домот, нејзиниот девер И.М. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР - Велес.
Ново на Сител
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
