Припадниците на „Лев Тахор“ предизвикаа револт и кај населението во охридско Лакочереј
Еврејската верска заедница Лев Тахор по Куманово и Скопје пристигна во Охрид. Жителите на охридското село Горно Лакочереј каде се сместени велат дека веднаш штом ги виделе реагирале бурно бараат да се дислоцираат и најавија протести.
Името на групата не мина незабележана меѓу локалното население.
Мештаните велат дека нивниот невоoбичаен изглед предизвикал страв и вознемиреност и прашуваат зошто се сместуваат во рурални средини и упорно остануваат иако не се прифатени.
На социјалните мрежи реакциите на граѓаните, поврзани со групата се поделени. Додека едни повикуваат на разбирање и толеранција, други се загрижени и стравуваат за безбедноста поради разните шпекулации кои се поврзуваат со оваа религиозна група.
Од Босна до Куманово, Скопје и сега во Охрид ова е патот кој изминатиов месец го минаа членовите на еврејската религиозна група, позната под името Лев Тахор.
Од Министерството за внатрешни работи повикаа на толеранција и велат дека групата има привремен легален престој во земјава и може да се движат каде што сакаат. Во групата која брои околу 40 тина лица од кои 18 се деца има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
