Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија

Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми.
Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува наставата.
За плановите во неделата бил запознаен и кралот Чарлс Трети, кој наводно изразил задоволство од можноста семејството да биде поблиску на лично ниво. Сепак, според весникот, статусот на Хари и Меган како работно неактивни членови на кралското семејство нема да се промени.
За нивното враќање биле информирани и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, објави „Телеграф“.
Хари во повеќе наврати зборуваше за тоа колку му недостига Велика Британија, а во последно време има знаци на подобрување на односите со неговото семејство, особено со неговиот татко, кралот Чарлс.
Хари и Меган се венчаа во 2018 година, а во јануари 2020 година објавија дека ќе се повлечат од повеќето кралски должности. Два месеца подоцна, последен пат се појавија во јавноста со членовите на кралското семејство.
Откако ја напуштија Велика Британија, извесно време живееја во Канада, а потоа се преселија во Калифорнија, каде купија куќа во Монтесито.
Нивното повлекување беше проследено со низа јавни обвинувања и несогласувања со членовите на кралското семејство. Во 2021 година, Хари и Меган во интервју за американска телевизија открија детали за нивниот однос со кралското семејство, а Хари подоцна во своите мемоари и во други јавни настапи зборуваше за тензиите со семејството.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
-

Анализите од ЦЈЗ Тетово покажале исправна вода, Клековски: Да се објават и останатите резултати
-

Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот
-

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин
-

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
