Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации.
Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека институциите се организираат укажувајќи дека високите тревни површини како резултат на дождливата пролет во наредниот период ќе бидат подложни на влијание од високите температури.
- Да, сите три воздухоплови се сервисирани навреме. Не знам дали денеска конкретно, но до вчера информацијата беше дека се во Загреб - не можеа да полетат поради временските неприлики. Очекувам денеска, ако веќе и вчера не се стигнати. Направено е сервисирање комплетно на сите возила воени кои ги пренаменивме во возила за борба против огнените стихии. На Влада донесовме заклучок за забрана на движење во шуми од 1 јули, општините добија инструкции преку ЗЕЛС, да се проверат сите колективни постапувачи, депонии и слично, дали ги исполнуват условите, ако не ги исполнуват, под итно да бидат санкционирани. Како Влада ги превземавме сите мерки, но факт е дека сезоната е таква каква што е, имавме прилично дождлива пролет, имаме голема висина на тревна површина. Сега доаѓаат денови кога ќе се зголемува температурата, таа тревната површина ќе се суши и нормално ќе биде подложена на ваков тип на влијание, изјави Мицкоски.
Тој укажа на справувањето со пожарот од ноќеска над Штип, којшто, како што рече, благодарение на силната организираност на доброволците, пожарникарите, градончалникот и локалната самоуправа, беше ставена под контрола во многу кратко време и беше комплетно изгаснат.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
