Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.
Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка.
Координатор на проектот е Министерството за образование и наука, а во имплементацијата ќе учествуваат и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, здравствени и стручни служби, училиштата, Комората на психолози и други релевантни чинители.
Како што најави МОН, на претставувањето на проектот ќе се обратат министрите за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади и за внатрешни работи - Весна Јаневска, Фатмир Лимани и Панче Тошковски, како и Емилија Бошковска, претставник на Комората на психолози на Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
