Претставници на Унеско денеска ќе ги скенираат состојбите во Струга
Ќе ги почитуваме мерките и препораките за заштита на регионот, но градот мора економски да напредува дециден е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
По најавите на експертите на Бернската конвенција кои денеска го скенираат струшкиот регион дека состојбата со дивоградбите е сериозна тој тврди дека Струга опстојува од туризмот и Охридското Езеро и дека сите добронамерни критики се добредојдени.
Експертите од Бернската конвенција пак потенцираа дека не може некој од локалната заедница да влијае на одлуки кои произлегуваат од меѓународни конвенции кои ги потпишала државата и кои се обврзувачки за неа.
„Во моментот кога Македонија ги потпишала овие три конвенции таа автоматски презела се што произлегува од истите. Не може некој на локално ниво да влијае на национални, па дури и наднационални одлуки“.
Струшкиот градоначалник Мерко тврди дека во струшко нeма загадување на Охридското Езеро, а брегот како што вели е покриен со колектроски систем освен од Елен Камен до Радожда, но и тој проeкт се очекува наскоро да отпочне.
Eдна од препораките за Струга но и целиот регион е да се направи засебно тело кое на терен ке управува со светското наследство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
