Македонија
30. July 2022 - 16:33

Претпразничен шпиц на туристичката сезона во Охрид

Охрид го живее шпицот на сезоната  преполн со туристи од сите краеви ширум светот . Гужви има дење по плажите и кафетериите додека на вечер низ чаршијата ,кејот ,по рестораните и ноќните клубови .И овој пат не се избегна традицијата бројни настани и концерти да се сконцентрирани пред и по Илинден.

- Јас сум од Турција,за прв пат сум тука многу е убаво

- За прва пат сум тука ја видов Али пашината џамија се е убаво

- Лани бев тука се е прекрасно многу го сакам Охрид и Македонија

Туристичките работници задоволни од посетеноста велат добро би било ваквото темпо кога градот е преполн со туристи да се задржи до септември.

Инаку поради големиот наплив на гости деновиве градот е под силно полициско обезбедување. Полициски службеници ги контролираат најфреквентните локации меѓу кои и концертните настани.