Преку грантови за самовработување отворени повеќе од 500 фирми
Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите.Од година во година расте бројот на учениците кои сметаат дека со средно стручно ќе дојдат до побрзо вработувањено и дека тоа е основата каде што се става темелот на претприемачкиот дух.
Дополнително пак преку програмата за самовработување и грантовите на агенцијата за вработување им се дава можност на младите да отворат свој бизнис во нашата држава наместо да заминуваат во странство.
Меѓу младите кои ја користеле мерката Грант за самовработување е младата Маја Протуѓер е 21 годишна охриѓанка, која храбро започна свој бизнис. Учеше во стручното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, каде што преку програмите за дуално образование успеа да стекне работно иксуство.
Во Југозападниот регион во земјава последнава година се отворени повеќе од 500 нови фирми.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
