Македонија
1. March 2024 - 16:35

Прекин во електрична енергија направи хаос на пунктовите - Дијаспората бара термини за документи

Прекин во електричната енергија направи проблем во издавањето на готовите лични документи. Граѓаните кои и по неколку часа чекале во ред за да стигнат на шалтерите револтирани, дел воопшто не успеале да земат документи, а оние кои беа упорни велат дека најмалку два месеца чекаат за лична карта по редовна постапка. 

За документи по итна постапка нема поголеми проблеми, но граѓаните позади камера се жалат дека иако имале уплатено за редовна постапка, на пунктовите им се нуди можност да доплат и документи да земат како по итна.

МВР пак објави дека достапна е интернет опција со која ќе може онлајн да се закаже термин за добивање на лични документи. Во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. Дополнително и нова пратка од 85 илјади образци за пасоши и 165 илјади картички за лични карти пристигнуваат во Македонија, потврдија од МВР.

Но, и покрај ваквите опции,термините за добивање на нови пасоши остануваат најголем проблем за македонците во дијаспората. Со мал број на вработени во декапеата , пополнети се сите термини до почетокот на летото. Од ОМД за Сител велат за прв пат макеонците ќе бидат приморани како странци да се вратат дома за оттука да извадат пасоши со новото уставно име. И од глобалната мрежа „Ние сме Македонија“ реагираат дека немаат информации кога мобилните станици се во нивното место , а уште помалку и да закажат за добивање документи.

Од ОМД ги повикаа македонците со валиден пасош да се пријават за гласање за да можат да го остварат избирачкото право.