Loading Video...
Свет
17. November 2023 - 19:46

Преглед на вестите од светот

Нетанјаху: Се обидуваме да го намалиме бројот на убиени цивили во Газа, но безуспешно

Израел прави се што може да за ги заштити цивилите во битките со Хамас, но за жал тоа не е успешно призна прмиерот Нетањаху.

„Секоја цивилна смрт е трагедија и не треба да ја имаме бидејќи правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи во опасност„„Затоа испраќаме летоци, им се јавуваме на мобилните телефони и им кажуваме да си одат. А многумина си заминаа“Тоа е она што ние се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме успешни“.

Претресот во  и околу најголемата болница Ал Шифа во појасот Газа продолжува. ИЗарелската амрија објави дека во близина на комплесот пронашла две тела на израелски заложници. Станува збор за повозрасна жена која била болна од рак и второто тело е на 19 годишина девојка, припадник на изарелкса армија. Тие се дел од 240 киднапирани израелски и странци на 7 октомври.  Армискиот портпарол Даниел Хагари соопшти  и дека пронашле шахта од тунел на Хамас во  болнцата како и возило со многу оружје.  ОН предупредуваат дека хуманитраната помош во храна , лекови и вода  од денеска не може да стига  до цивилите во јужна газа затоа што нема повеке гориво. Се стравива и од ширење на болести .

-Ние сме исклучително загрижени за ширењето на болестите. Сезона на дождови е, зимата пристигнува. Пренатрупаност во засолништата, во објектите  на агенцијата на ОН за помо на бегалците и сите импровизирани засолништа, недостаток на вода , санитарниу услови Веке се забележани  над 70.000 случаи на акутни респираторни инфекции, над 44.000 случаи на дијареа, 808 случаи на сипаници и над  14.000 слуачи на осип на кожата, шуга и вошки, како и хепатитис А и Б,изјави Ричард Пиперкон, преставник на СЗО за Газа и Западниот брег. 

Над 1, 5 милиони палсетинци беа принудени да се преселат од северот  во јужниот дел на појаст. Сега  Израел најавија проширување на воената операција и во Јужна Газа .

 

Зеленски зборува за повлекување на украинската војска, првата ваква порака од Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, призна дека украинската армија ќе мора да се повлече од фронтот доколку западните сојузници престанат да испраќаат помош за Киев.

Сега сум фокусиран на тоа да добијам помош од Западот. Нивниот фокус се менува поради ситуацијата на Блискиот Исток и други причини. Без нивна поддршка ќе се повлечеме“, рече Зеленски на средбата со претставниците на странските медиуми.

Како што истакна, по влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, Украина почнала да добива помалку гранати со калибар од 155 мм.

 

Финска затвора четири гранични премини со Русија, ја обвини дека и праќа мигранти

Финската влада од  полноќ ке  затвори четири од деветте гранични премини со Русија, која ја  обвини дека и праќа мигранти.  Повеќе од 200 баратели на азил пристигнаа во Финска оваа недела, а  за тоа е виновна Русија која ги пушта луѓетот преку границата н рече финскит претседател Саули Ниинисто , доддавјки дека причината за тоа  е одмазда на Моксва за плановите  на Хелсинки да потпише договор за одбранбена соработка со Вашингтон. Руското Министерство за надворешни работи го критукуваше потегот на Финска за који Затворањето на границата е израз на новите линии на поделба во Европа, кои не решаваат никакви прашања, туку напротив само создаваат нови проблематични прашања, изјави синоќа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Упати критики поради одлуката на финската Влада за затворање на четири од девет гранични премини со Русија главно од Африка и Блиски Исток. Финските власти веруваат дека Русија ги охрабрува мигрантите да одат кон Финска, каде што можат да побараат азил.