Преглед на вестите од светот
Повеќето граѓани на Израел не сакаат војската да ја прекине офанзивата за уништување на палестинската милитантна група Хамас и покрај повикот на Генералното собрание на ОН за прекин на огнот, се поголемата листа на воени жртви и зголемениот број на палестински жртви во Газа, објави Ројтерс, повикувајќи се на тамошна анкета. Во офанизвата досега загинаа 115 израелски војници, што е речиси двојно повеќе од бројот на убиени војници за време на конфликтот во крајбрежната енклава пред девет години. Во воздушните и копнените напади на израелската војска во појасот Газа загинаа 18.500 Палестинци. Реагирајќи на зголемените меѓународни повици за прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на воената база во Јужен Израел порача дека Ништо нема да го спречи Израел да победи во војната против Хамас. Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије пак порача дека секој договор за појасот Газа без Хамас е заблуда.
Во Украина ке има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели- денацификација, демилитаризација и Украина да не се приклучи на НАТО, порача рускиот претсдеател за време на неговата традионална годишна пресконференција. Путин ги наведе тие цели на денот кога испрати војници во Украина во февруари 2022 година. Октри дека во Украина се распоредени 617.000 руски војници и ја отфрли потребата од втор бран на мобилизација на резервистите. Путин нагласи дека главната задача на Русија е да го обезбеди нејзиниот суверенитет а зборуваше и за односните на земјата со Западот.
Во однос на нормализацијата на односите - тоа не зависи само од нас. Не бевме ние што ги расипувавме овие односи, туку тие ги расипуваа односите со нас. Тие секогаш се обидуваа да не турнат назад, занемарувајќи ги нашите интереси. Што се однесува до САД, ние сме подготвени да градиме односи и со нив. Сметаме дека САД се важна и неопходна земја во светот, но оваа империјална, апсолутно империјална политика им попречува, рече Путин.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
