Преглед на вестите од светот
Израелските одбранбени сили почнаа да пумпаат морска вода во подземните тунели на Хамас во Појасот Газа. Целта на оваа операција е да се уништи мрежата на премини и скривалишта, како и да се принудат милитантите ги напуштат тунелите рече армискиот портпарол Даниел Хагари. Парелено продолжуваат жестоките борби во јужниот град Кан Јунис и градот Газа, каде најмалку 10 изарелски војници загинаа во заседа. . Синоќа, генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвои резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа. 153 земји гласаа ЗА, вклучувајќи ја и Македонија, 10 беа Против, меѓу кои САд и Израел, а 23 воздржани. Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки, но имаат симболичко значење. Истовреме, тие го отсликуваат расположението на светот. Според американскиот претседател, Израел почнува да ја губи меѓународната поддршка поради неселективното бомбардирање во појасот.
53 лица, од кои шест деца се повредени во рускиот воздушен напад на укрианскиот главен град во текот на ноќта изјави градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Украинската армија соопшти дека противвоздушбата одбрана соборила десет руски балисички проектили, чии остатоци паднале врз градинка и болница. Нападот се случи откако претседателот на Украина ги напушти Соединетите држави. Русија уште еднаш докажа дека е грозоморна земја која истрелува проектили ноќе, обидувајќи се да погоди станбени области, градинки и енергетски објекти во текот на зимата“, објави Зеленски на социјалната мрежа X. Целта на посетата на Зеленски на Вашингтон беше да го наговори Конгресот да одобри нова воена помош за Украина, но непостигна значен напредок во премислувањето на републиканските законодавци.
Речиси 200 држави утрово на самитот на Он за климата во Дубаи постигнаа договор со кој се повикуваат сите земји да приднесат за оддалечување од фосилните горива. Но договор не бара целосно прекинување, што некои земји го посакуваа. Претседавачот на самитот султанот Ал Џабер од Обединетите Арапскки Емирати, договорот го нарече историки , но додаде дека неговиот вистински успех ќе биде во неговто спроведување. Соговорувањето на фосилните горива води до глобално затоплување и досега владите никогаШ колективно не се договориле да престанат да ги користат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
