Преглед на вестите од светот
Презентерот и новинар од Би-би-си, Мајк Мосли е пронајден мртов утринава на грчкиот остров Сими. Според грчките медиуми, телото било пронајдено во карпест предел на островот со помош на камери и дронови. 67-годишниот новинар исчезна во средата откако отишол на прошетка на една од плажите на островот, а според првичните информации Мосли починал по пад од карпи.
Во потрагата по него изминатите пет дена беа вклучени пожарникари, кучиња, дронови, локалното население и полицијата, а телото го пронашол соптвеник на бар во близина на несреќата.
Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели. Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пешки, по што му се изгуби трагата.
Над 270 Палестинци беа убиени доцна синоќа во израелски воздушен и копнен напад како дел од операцијата за спасување на четворица заложници кои Хамас ги зароби на 7 октомври.
Снимките од утринава сведочат еден од најкрвавите израелски напади во последните 8 месеци.
„Бевме на пазар. Луѓето нормално беа на пазарот и среќно се подготвуваа за Курбан Бајрам. И покрај војната, ние сме среќни со Бајрам. Купувавме зеленчук за ручек. Бев со мојот пријател. Видовме повеќе од дваесет авиони Четири хеликоптери, два над Салах ал-Дин, бевме изненадени од глетката, ни беа срамнети со земја, АБДУЛ САЛАМ ДАРВИШ, ПАЛЕСТИНСКИ ОЧЕВИДЕЦ вториот
Израел пак соопшти дека спасените заложници се пренесени во болница и во добра задравствена состојба. Високиот претставник на ЕУ Борел го осуди израелскиот напад на Газа и побара итен прекин на убивањето цивили.
Политичките лидери на Србија и на Република Српска вчеравечер одржаа „Сесрпскиот собор“ во Белград. Објавија „Декларација за заштита на националните и политичките права и Заедничка иднина на српскиот народ“ во која се наведува дека „Косово и Метохија е неотуѓив дел од Србија“ и „се осудува секое непочитување и кршење на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина
постигнат е договор за српско единство, кое ќе трае засекогаш и никој нема да може да го уништи српското единство и да направи чекори наназад, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на централната церемонија на Плоштад на Републиката. На собор беше осудено и усвојувањето на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
