Loading Video...
Свет
20. March 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Борел доставил предлог до советот на ЕУ за користење на приходите од блокираните руски средства за поддршка за Украина

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел објави дека  го доставил предлогот до Советот на ЕУ за користење на приходите од блокираните руски средства  за поддршка на Украина.  Се проценува дека на овој начин би се обезбедиле околу три милијарди евра годишно дополнитечно финансирање за поддршка на Украина.  Деведесет проценти ќе бидат распоредени преку Европскиот мировен фонд а 10 отсто преку Буџетот  на ЕУ наведе Борел во објава на Икс.  По рускиот напад на Украина во февруари 2022 година,  ЕУ замрзна  средства на руската централна банка во вредност од над 200 милијарди доалри, главно во форма на хартии од вредност и готовина. Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат утре и задутре во Брисел   а една од темите на разговорите  е и состојбата во Украина.  

 

Покрената истрага во болницата во која се лекуваше Кејт Мидлтон поради наводен обид за пристап до нејзините медицински досиеја

Канцеларијата на британскиот комесар за иформации почна истрага откако Дејли Мирор објави дека персоналот на приватната лондонска клиника, каде  што во јануари годинава беше оперирана принцезата од Велс , Кејт Мидлтон се обидел да приспати до нејзинатите приватни медицински досиеја.  Според британскиот весник, најмалку еден член на перосналот во клиниката бил фатен како се обидува да приспати до медицински белешки на Кејт.  Весникот наведува дека е покрената внатрешна истрага во болницата каде во последните месеци покрај Кејт Мидлтон се лекуваше и кралот Чарсл Трети.  Лондонската клиника според весникот  одбила да ги коментира ваквите тврдења. . По операцијата на абдонемот во средината на јануари , 42 годишината Кејт се повлече од јавниот живот , по што почнаа шпекулациите   за нејзината здратсвена сосотјба.Принцезата ќе се врати на јавните обврски после Велигден  се вели во соопштението од палатата Кенсингтон.

 

Нетањаху го игнорира Бајден

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли апелот на американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од планираниот копнен напад врз Рафа, последното засолниште во Газа за повеќе од милион раселени лица. Според најавите од Белата кука, израелска делегација  ке доаптува во Вашингтон следната недела на разговори за воената операција на Изрел во Рафах. . Израел вели дека ќе води војна во Газа додека Хамас не биде уништен и дека цел на неговите напади во последните недели се лидерите на исламистичкото движење.