Преглед на вестите од светот
Гласачките места во Русија беа отворени утринава со што беше означен почетокот на тридневните претседателкси избори, кои сигурно ќе го продолжат владеењето на претседателот Владимир Путин за уште шест години. 71 годишниот Путин се кандидра за својот петти мандат. Тројцата други кандидати на гласачкото ливче се политичари од низок профил, од симболични опозициски партии, кои се на линијата на Кремљ. Тоа се Николај Харитонов од Комунистичката партија, Леонид Слутски од либерално-демократска партија и Владислав Даванков од партијата Нови луѓе.
Истражувањата на јавното мислење кои ги објавуваат руските медиуми покажуваат дека Путин ужива поддршка од околу 85 отсто од граѓаните, што е повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина. Руските медиуми јавуваат за инцидентите на некои избирачки места- фрлени молотиви коктели, истурена боја и обид за палење гласачка кутија. Освен во Русија, на овие избори за претседател се гласа и во четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кои Русија ги припои во септември во 2022 година. Очекувањата на гласачите одат во насока на единство и промени на подобро Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, изборите ќе ги набљудуваат делегации од 36 држави и пет меѓународни организации а разулатите се очекува да бидат познати најдоцна до 28 март.
Во ракетниот напад на Русија врз украинскиот град Одеса загинаа 14 лица, меѓу кои и болничар и спасувач кои дошле на помош по првата експлозија соопштија локланите власти. Најмалку 46 лица се повредени, меѓу кои седум спасувачи. Нападот се случи утрово. Во нападот погодена е цивилната инфраструктура: станбени објекти, стопански објекти и автомобили изјави претседателот на регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер. Во последните недели Русија ги засили нападите врз Одеса.,
Шпанскиот хуманитарен брод Отворени раце што пред три дена тргна од Кипар за Газа стигна до брегот на палестинската енклава. Бродот носи 220 тони храна која очајно им е потребна на најмалку 500 илјади палестинци раселени поради војната помеѓу Израел и Хамас. Во меѓувреме Хамас им претстави на посредници на САД нов предлог за примирје, кој вклучува ослободување на изарелските заложници во замена ослободување на 700 до 1000 палестински затворени од кои 100 отслужуваат доживотна казна. Планирање е и ослободување на изарелските војници и на крајот да следи одредување на рокот и датумот за израелското повлекување од Газа. Предлогот на Хамас има нереални барања рече израелскиот премиер Нетањаху и најави дека за неколку дена ќе ја свика владата за да ги одобри плановите за копнен напад на градот Рафах.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
