Преглед на вестите од светот
Тлото на Црна Гора продолжува да се тресе, по силниот земјотрес од 5,7 степени според Рихертовата скала што се случи неколку минути по 4 часот утрово во областа Никшиќ. Регистрирани се над 30 послаби потреси. Поголема материјална штата има во околината на епицентарот. Оштетени се патишта, куки и други објекти. Инаку земјотресот во Црна Гора е почуствуван и во делови од Макеоднија, Босна и Херцеговина и Србија.
Ден пред стартот на изборите за претседател на Русија, Путин кој бара петти мандат на функцијата упати порака до гласачите, вклутелно и во анектираните делови на Украина да го искористат правото на глас.Само вие, граѓаните на Русија , можете да одлучувате за иднината на татковината истакна шефот на Кремљ.
Од витално значење е да ја нагласиме нашата кохезија и решителност и да одиме напред заедно. Секој глас што го давате е ценет и значаен. Затоа ве повикувам да го искористите вашето право на глас. Изборите се чекор во иднината, изјави рускиот претседател Путин.
Според истражувањето на Рускиот центар за истражување на јавното мислење објавено претходно оваа недела, се очекува Путин да освои 82 отсто од гласовите. За претседлаката фотеља ке се борат и кандидатот на Комунистичката партија Николај Харитонов, Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и Леонид Слуцки од Либерал-демократите. Сите тројца се поддржувачи на војната во Уркаина.
Агенцијата на ОН за палестински бегалци соопшти дека еден член на персоналот е меѓу петте загинати при синоќешниот израелски напад врз центар за диструбуција на храна во градот Рафах, во јужна Газа. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот. Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци, Филип Лазарини обивни дека израелските напади врз објектите на агенцијата станале секојдневие. Реагираа и Соединетите држави.
-Израелската војска, израелската влада имаат одговорност и обврска да направат се што е можно за да се осигураат дека хуманитарците можат да ја работат својата работа. И меѓу другото, тоа значи да се осигураат дека ако има хуманитарен објект што е јасно идентификуван, тој нема да биде погоден, порача Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Блинкен рече и дека американската влада нема да ја поддржи израелската инвазија на Рафах без јасен план од израелскаат влада за заштита на повеќе од еден милион раселени Палестинци, кои во монентов се наоѓаат таму.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
