Преглед на вестите од светот
5-мина Палестинци убиени во Газа за време на рација во време на примирје меѓу Израел и Хамас
Додека трае примирјето во Газа, пет Палестинци се убиени во акција на израелските воружени сили на Западниот брег. Според информациите кои ги пренесоа светските агенции, Израелските сили вршеле рација за приведување на лице кое го сомничеле за тероризам при што се судриле со вооружена група. Истовремено Израел и Хамас разменуваат заробеници. Според постигнатиот договор за примирје, Израел треба да ослободи околу 150 заробеници а Хамас 50 заложници. До овој момент, размената оди според планот.
41 градежен работник се уште се затрупани откако се урна тунел во изградба во Индија
Се уште трае неизвесноста околу ослободувањето на 41 работник кои повеќе од 14 дена се заглавени во тунел кој се сруши додека до градеа. Дополнителен проблем се јави кога големата машина која се користеше за пробивање низ затрупаниот тунел се расипа па работниците мораат околу 15 метри да пробијат со рачни алати. Властите се уште немаат информации што предизвикало рушење на тунелот а семејствата на работниците се загрижени за нивната состојба. Според последните информации, сите се во добра здравствена состојба и редовно добиваат храна и вода.
Украина стравува за енергетската инфраструктура во пресрет на зимата и руските напади
Украина стравува за својата енергетска инфраструктура во пресрет на зимата. Украинските власи очекуваат Русија да ги засили нападите на овие точки што може да остави милиони Украинци без струја и греење на исклучително ниски температури. Утрово се регистрирани неколку напади со дронови на украинска територија по вчерашниот напад со кој Украинците рекоа дека бил најсилен од почетокот на војната. Со дронови напаѓа и Украина. Москва соопшти дека во текот на ноќта Русија била нападната со 24 дронови но сите биле неутрализирани.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
