Преглед на вестите од светот
ЗНАМЕТО НА ШВЕДСКА КРЕНАТО ПРЕД СЕДИШТЕТО НА НАТО, КРИСТЕРСОН - СО ПРИЕМОТ ВО НАТО, ШВЕДСКА СИ ДОЈДЕ ДОМА
Со интонирање на националната химна на Шведска денеска пред седиштето на НАТО во Брисел беше кренато шведско знаме, а церемонијата следеше по заедничката прес конференција на шведскиот премиеР Улф Кристерсон и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.
-По повеќе од 200 години воено неврзување, ова е историски чекор, но и многу природен чекор. Со ова членство, Шведска се врати дома. Дом на безбедносната соработка на демократиите, истакна премиерот на Шведска.
- Пристапувањето на Шведска повторно покажува дека вратата на НАТО останува отворена. Никој не може да ја затвори. Секоја нација има право да го избере својот пат и сите ние го избираме патот на слободата и демократијата. Храбриот народ на Украина се бори за овие вредности рече генералниот секретар на НАТО.
ХАМАС - ИЗАРЕЛ НЕ САКА ДОГОВОР ШТО ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА
Израелската армија продолжи со воените дејствија во Појасот Газа и на почетокот на Рамазан. Според тамошните власти, утрово биле извршени над 60 наапди и погодени куки во централниот и јужниот дел на енклавата, најмногу во градот Кан Јунис. Министесртвото за здравство во Газа соопшти дека најмалку 67 луѓе биле убиени во израелската офанзива во текот на изминатиот ден, со најмалку 31 112 уебини од почетокто на војната во октомври. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху 13 000 од загинатите Палестинци се борци на Хамас. Лидерот на Хамас Исмаил Ханије го обвини Нетањаху за одложување на преговорите за прекин на огнот и отфрлање на барањето на Хамас за прекин на војната. Израел не сака договор што ќе стави крај на војната во Газа, истакна Ханије. И денеска воени авиони на Египет и Катар доставија хуманитрана помош на северниот дел на Газа а шпански хуманитарен брод со помош во храна се очекува наскоро да исплови од Кипар.
ПРОПАЃАЛЕ БРАКОВИ, БИЗНИСИ – ИТАЛИЈА ГИ УКИНУВА ФОТОГРАФИИТЕ ОД КАМЕРИТЕ ЗА БРЗИНА ВО СООБРАЌАЈОТ
Италијанското министерство за транспорт објави дека на возачите што ќе бидат фатени како возат со брзина поголема од дозволената повеќе нема да им се испраќаат фотографии од камерата, туку само известување. Фотографиите од камерите за брзина ќе се користат само доколку возачот поднесе официјален приговор за казната. Причината за укинувањето на фотографиите се распаѓање на врски, бракови или деловни зделки откако фотографиите од камерата откриле дека во нивниот автомобил има некој за кој не се очекувало да патува со нив.
ОПЕНХАЈМЕР” СЕ ЗАКИТИ СО 7 ОСКАРИ
Опенхајмер“ е апсолутен победник на 96. доделување на наградите „Оскар“. Од 13 номинации, филмот за креаторот на атомската бомба доби седум златни стутуетки - меѓу кои за најдобар филм, за најдобра режија Кристофер Нолан, за најдобра главна машка улога Килијан Марфи, за најдобра споредна машка улога Роберт Дауни Џуниор. Филмот „Кутри суштества“ доби четири оскари меѓу кои за најдобра главна женска улога, награда која и припадна на Ема Стоун. ОСкарот за најдобра споредна женска улога заврши во рацете на Давин Џој Рендолф за улогата во филмот „Академија Бартон“.Барби“, филмот со најголема заработка во 2023 година, освои само една од осумте награди за кои беше номинирана – Најдобра оригинална песна, од Били Ајлиш. Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го доби „Зона на интерес“ . Украина го освои својот прв Оскар со најдобар документарен филм 20 дена во Мариупол.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
