Loading Video...
Свет
8. March 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

 САД, Велика Британија, Германија и Летонија  предупредија на можни терористички напади  во Русија во следните 48 часа ,и ги повикаа  своите граѓани да не патуваат во Русија, а оние кои се таму да избегнуваат концерти и гужви. Предупредувањата се однесуваат и на собирањата во главниот град Моксва  поврзани со прославата на Меѓународниот ден на жената, за што е планирано да се одржат неколку концерти. Руската агенција за безбедност нема издадено предупредување за можни терористички напади низ земјата  во следните 48 часа.

Вооружени напаѓачи киднапираа  повеќе од 280  ученици во нигерискиот град Курига. Киднапираните деца се на возраст од 8 до 15 години. Кидпаирањето се случило пред  училиштето пред почетокот на наставата. Гувернерот на покраината Кадуна, Уба Сани  вети дека ќе се заложи за ослободување на децата. Вооружените сили почнаа операција за нивно пронаоѓање. Според нигерските власти ова е најголемото масовно кидпирање деца од училиште од 2021 година.

Во Ирска денеска се одржува референдум со цел да се избрише членот од уставот кој вели дека местото на жената и е во домот. По неколку години притисок, владата се согласи да го одржи рефендумот. Кампањата за промена на уставот ја води  Националниот совет на жени.

Ние вадиме дел од уставот што се однесува на ограничување на животот на жените. Тоа е сексистичко парче и треба да се отстрани изјави Орла Оконор, директорка на националниот совет на жени.

Оние кои се против промената сметаат дека Уставот не тврди дека на жената и е место во домот, туку нуди признание за домашните работи.