Loading Video...
Свет
6. March 2024 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Кандидатката за претседателска номинација, Ники Хејли се повлече од трката за влез во Белата куќа, што значи дека Доналд Трамп и официјално ќе ја добие републиканската номинација за ноемвриските избори, каде ќе се соочи со демократот Џо Бајден. Поранешната амбасадорка на САД во ОН  досега  победи само на два партиски избори, во Вашингтон и ненадејната победа во Вермонт синока. На супер вторникот и  шефот на Белата Кука, Бајден и  поранешниот претседател Трамп забележаа огормни победи.

Бајден ја освои номинацијата на демократите во 15 држави, а загуби на територијата Американска Самоа од бизнисменот Џејсон Палмер.  Трамп ја победи Ники Хејли на 14 републикански натпревари – а загуби само во Вермонт. Повлекувањето на Хејли ке му овозможи на Трамп целосно да се фокусира на изборниот реванш со Бајден.

САД, Катар и Египет продолжуваат со обидите да споредуваат за договор за шестнеделен прекин  на огнот во појасот Газа.  Американскиот претседател Бајден тврди дека Изарел соработува и дека е на Хамас да донесе одлука за тоа - дали е подготвен да се вклучи во договорот.

Тоа во моментов е во рацетот на Хамас. Мора да има прекин на огнот поради Рамазан

– Ако влеземе во околност ова да продолжи за време на Рамазан, во Израел и Ерусалим може да биде многу опасно, опасно, истакна Бајден.

Минатата  недела израелскиот премиер Нетањаху предупреди дека ќе ги прошири копнените операции во Рафах доколку Хамас не ги ослободи преостаантите заложници во Газа до почетокот на светиот муслиманскиот месец Рамаз кој почнува на 10 кон 11 мрт. Во Рафах има над 1,4 милиони бегалци од другите делови на Газа.

Пратениците во Народното собрание на Бугарија ја прифатија оставката на премиерот Николај Денков на денешната собраниска седница.  Денков ја извршуваше премиерската функција девет месеци а на негово место ќе дојде министерката за надворешни работи Марија Габриел од партијата ГЕРБ.  По минатгодишни избори  ГЕРБ  на екс премиерот Бојко Борисов и коалицијата „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ постигнаа договор за формирање коалициска влада со ротирачки премиер со деветмесечен мандат.