Loading Video...
Свет
5. March 2024 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Преговорите за прекин на огнот во појасот Газа помеѓу палестинскиот Хамас  и Израел во Каиро пропаднаа. Нема резултати соопштија посредниците, САД, Катар и Египет. Во меѓувреме, Хамас бара да се дозволи поголема хуманитарна помош да дојде во Газа и да им се дозволи на Палестинците раселени од своите домови во јужиот дел на енклавата да се вратат. Според податоците на СЗО, најмалку 10 деца починале од глад минатата недела.

Грција воведува ред на плажите со нов закон. Повеќе ќе нема нелегално поставено лежалки и маси од баровите изјави премиерот Мицотакис. 70 отсто од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста и ќе треба да постои минимално растојание од 4 метри од морето до првиот ред лежалки, за да немаме повеќе ситуации кога лежалките беа во вода, појасни Мицотакис преку видео објавено објавено на Тик ток. За да се добие лиценца за користење плажа, задолжително ќе биде учество на електронска лицитација, а по добивање концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитет и да постои спасувач. Дополнително, првпат се воведуваат и т.н негазени плажи со посебна еколошка вредност каде што не се дозволени лежалки или воопшто каква било експлоатација. Во однос на спроведувањето на законот, грчкиот премиер истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите.

Во Соединетите држави денеска е таканаречениот супер вторник што е најважниот ден досега во трката за претседателските избори, кои ќе се одржат на 5 ноември годинава. Републиканците и демократите одржуваат прелиминарни избори во 15 созјуни држави и една територија надвор од САД. Доналд Трамп, републиканскиот фаворит се надева дека со денешните гласања ќе го исфрли својот последен преостанат предизвикувач од трката, Ники Хејли. За да се добие републиканската номинација потребни се минимум 1215 делегати додека 1968 е магичната бројак за демократите. Републиканскиот кандидат на супер вторник  може да освои 854 од вкупно 2.429 делегати, додека демократот можат да освои 1.420, што е исто така повеќе од една третина од делегатите. Трамп, сега има 122 делегата а Ники Хелји 43. Бајден, фаворитот на демократите, сега има 206 делегати.. Се предвидува дека Трамп би можел да ја обезбеди номинацијата до 12 март, а Бајден до 19 март.