Loading Video...
Свет
23. November 2023 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Израел ја продолжува офанзивата во појасот Газа, бидејќи четиридневниот прекин на огнот беше одложен. Паузата во борбите се очекуваше  да започне од  утрово, а според најавите од изарелската влада спроведувањето на договорот со Хамас нема да се случи пред петок наутро.

Според договорот за време на примирјето Хамас ќе ослободи 50 од околу 240 заложници кои ги држи во Газа од 7 окомври а Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници кои не се осудени за убиство.

Паузата во непријателствата треба да се искористи и за зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на палестинската енклава.

Израелските сили денеска го уапсија директорот на болницата Ал Шифа во Газа и уште неколку лекари. Според Израел, Хамас ја користи болницата како команден центар.