Преглед на вестите од светот
Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер и жесток критичар на Кремљ, Алексеј Навални најави продолжување на мисијата на нејзиниот сопруг за слободна Русија и ги повика приврзаниците да се борат против претседателот Владимир Путин со поголем бес од кога било.
Во видео порака објавена денеска на Јутјуб, Јулија директно го посочи Путин како убиец на сопругот, најавувајќи дека за брзо време ќе ги објави имињата на оние кои го извршиле убиството по налог на шефот на Кремљ. Јулија ги обивни руските власти дека го кријат телото на Навални, не го даваат на неговата мајка, бидејќи чекаат да исчезнат трагите на нервниот агенс, со кој според неа тие го отруле.
Според затворските власти Навални во петокот претрпел „синдром на ненадејна смрт“ во арктичката казнена колонија каде што издржуваше 19-годишна затворска казна под обвинение за екстремизам. Инаку Јулија Навалнаја моментално престојува во Брисел, како гостин на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ. Шефот на европската дипломатија Борел соопшти дека ЕУ подготвува санкции против одговорните за смрта на рускиот опозициски лидер. И самиот Путин е одговорен изјави Борел, на што реагираше прес-службата на Кремњ.
Израел ќе почне копнена офанизива во најужниот град во Појасот Газа Рафах следниот месец доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници до почетокот исламскиот месец на постот, Рамазан најави членот на израелскиот воениот кабинет Бени Ганц. Рамазан почнува на 10 март. Ганц вели дека офанизавата ќе биде извршена во координација по разговори со Соединетите држави и Египет за да се олесни евакуацијата и да се минимизираат цивилните жртви колку што е можно повеќе. Во Рафах, на границата со Египет има повеке од 1,4 милиони Палестинци бегалци од другите делови на енклавата, поради што бројни земји, меѓу кои и најблискиот сојузник на Израел, САД бараат откажување од планираниот копнен напад. Според Израел, Рафах е последниот бастион на Хамас.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
