Преглед на вестите од светот
Израелските специјални сили упаднаа во најголемата болнцата во јужниот дел на Појасот Газа, Насер во градот Кан Јунис. Портпаролот Хагари тврди дека имаат „веродостојни разузнавачки информации“ дека борци на Хамас се кријат во болницата и дека тела на израелски заложници можеби се во објектот.
-Ние спроведуваме прецизни операции за спасување –како што правевме во минатот- каде што нашите разузнавачки информации покажуваат дека тела на заложници можеби се држат. Хамас систематски ги користи болници како центри за тероризам изјави Даниел Хагари, портпаролот на израелската армија.
Портпаролот на министерството за здравство на Газа изјави дека Израел извршил масовен упад во болницата со истрели од оггено оружје во кои се ранети многу бегалци кои се засолниле таму. Вчера Израел им нареди на цивилите кои се засолантите во болницата итно да ја напуштат а од болничкиот персонал побара да ги префли сите пациенти, вклучително и оние на интензвна нега во посебна зграда на болничкиот комплекс. Изарелскиот премиер Бенјамин Нетањаху најави дека ќе ја почнат копнена офанзива против Хамас во Рафах откако цивилите ќе го напуштат градот. Во Рафах, има повеќе од еден и пол милион Палестинци, бегалци од другите делови на енклавата
Најмалку 6 лица , меѓу кои и едно дете загинаа а 18 се повредени во украински воздушен напад на рускиот град Белгород утрово објавија локалните власти, додавајќи дека мети биле трговски центар, куки и објект на индустриска компанија. Украина засега не одговори на овие обвнинувања Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина и од почетокот на руската инвазија е честа мета на украинските сили.
Рускиот претседеател Владимир Путин повеќе би сакал неговиот амеркански колега Џо Бајден да победи на годинашната трка за шеф на Белата куќа, отколку Доналд Трамп. Во интервју за руска телевизија, Путин објасни зошто Бајден би бил подобар за Русија како претседател.
-Бајден. Тој е поискусен. Попредвидлив. Тој е политичар од старата школа. Но, ние ќе работиме со секој американски лидер во кој американскиот народ има доверба“ изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
