Преглед на вестите од светот
Израел се подготува за голема копнена офанзива во Рафах на југот на појасот Газа објави изарелскиот премиер Нетањаху и побара од ОН да помогнат при подготовката на планот за евакуација на околу 1,5 милиони палестинци од градот. Во Рафах живееа само 250 000 луѓе пред да избие војната во октоври. ОН објавија дека нема да учестуваат во присилното раселување на Палестинците во Газа, а Соедиетите држави повторно го повикаа Изарел да не презема копнена офанизва во Рафах без план за заштита на палестинските цивили. Хамас пак порака дека копнена акција во Рафах ќе стави крај ка какви било понатамошни преговри за изарелските заложници. Веќе неколку денови, Рафах е под жестоки воздушни напади на израелските сили. Според Израел, Рафах сега е седиште на Хамас.
Во напад на руските сили со ракети и дронови врз градот Дњепар, во централна Украина оштетена е термоцентрала, а дел од градот остана без вода соопштија украинските власти. Инфорираа дека во нападот нема жртви. Во меѓувреме американскиот Сенат, предводен од демократите го одобри пакет помош од 95 милирајди далри за Украина,Ирзаел и Тајван. Предлогот законот мина со 70 гласа ЗА, 29 против а поддршка доби од 22 републикаци. Украинскиот претседател веднаш се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека им е „благодарен“ на американските сенатори, и изрази уверување дека пакетот ке добие злеено светло и во претсавничкиот дом на Конгресот, контролиран од републиканците. Пакетот помош вклучува околу 61 милијарда долари помош за Украина, од кои повеќето се наменети за воена поддршка.
Премиерката на Естонија Каја Калас е ставена на листата на лица по кои трага руската полиција. Потерница е распишана и по естонскиот државен секретар Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Каирис. Во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи не е наведено за какво кривично дело или прекршок се бараат. Портпаролот на Кремљ изјави дека естонската премиерка се товари за непријателско делување против Русија и сквернавење на историското сеќавање. Естонската премиерка Калас е една од најострите критичари на рускиот претседател Путин.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
