Преглед на вестите од светот
Со свирежи ,пцовки и транспаренти од опозицијата на кои пишуваше Ги украдовте изборите и Крадците ги вратија мандатите, помина конститутивната седница на Собранието на Србија на која беа потврдени мандатите на 250 пратеници во новиот парламент.
И додека пратениците од опозициската Србија против Насилството беа околу говорницата, на галеријата беше поставен транспарент насочен против опозицијата и властите на некогашната ДОС, а пратениците на Српска напредна партија го поздравија со аплауз.
Опозициската коалиција „Србија против насилството“ бараше конститутивната седница на српскиот парламент да се одржи по 8 февруари,односно по гласањето на резолуцијата во Европскиот Парламент за изборите во Србија. Во знак на бојкот , пратеници на опозицијата дадоа заклетва во холот на собранието.
Седницата траеше околу половина час. По полагањето заклетва, претседавачот со конститутивната седница ја заврши денешната работа на Собранието. Во парламентот коалицијата околу Српската напредна партија ќе има 129 пратеници, Србија против насилство 65, Социјалистичката партија на Србија 18, коалицијата НАДА и Ние – гласот на народот по 13 пратеници. Во парламентот влегуваат и пет малцински листи. Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание. Дел од Српските медиуми објавија дека Европскиот парламент ќе побара независна меѓународна истрага за изборите во Србија што се одржаа на 17 декември, со посебен осврт на изборите во Белград.
Поројните дождиви и силните ветрови парализираа делови од амерканската сојзуна држава Калифорнија, а според досегашните извешати, во невремето загинале најмалку три лица. Според Амерканската метеоролошка служба, во Калифорија немало толку многу дожд во период од два дена во последните 150 години. Невремето предизвика поплави , одрони и прекин на електрична енергија. Повеќе од милион домакинства и бизниси се без струја. . Пожарникарите реагирале на над 130 инциндети со поплави и спровеле неколку спасувања. Гувернерот прогласи вонредна состојба во окрузите Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бенрардино, САн Диего, Сан Луис Обиспо, Санта Барбара и Вентура.
Принцот Вилијам, кој е прв во редот за наследство на британскиот престол, ќе преземе дел од задолженијата на неговиот татко, кралот Чарлс, на кого му беше дијагностициран рак. Бакингамската палата не откри за каков тип на рак станува збор, освен дека е откриен во рана фаза. Информираше дека кралот веке почнал со лекување а лекарите се многу позитвни во прогназата за неговото лекување. Според најавите, 75 годишниот Чарлс ги откажал сите јавни настапи, но ќе продолжи да ги оддржува неделните состаноци со премиерот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
