Преглед на вестите од светот
Бројот на жртви во шумските пожари што веќе неколку дена го пустошат Чиле се искачи на 51 и се очекува да расте соопштија властите. Областа околу туристичкиот град Вина дел Мар во регионот Валпараисо е најтешко погодена а на пожарикарите работата им ја отежнуваат високите темпратурите и силниот ветер. Валпараисо е дом на речиси еден милион луѓе. Низ целата земја има 92 активни пожари. Пламенте јазици досега зафатија површина од 43 000 хектари и уништија над 1000 куки.
Вчера прогласив вонредна состојба како последица на катастрофата, за да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси кои ни овозможуваат да се избориме со оваа вонредна состојба и да им помогнеме на семејствата. Во врска со оваа одлука, Министерството за одбрана доби инструкции да распореди Повеќе воени единици во погодените области. Мора да се распоредат повеќе воени единици во погодените области, тие веќе се распоредуваат, изјави претседателот на Чиле, Габриел Бориќ.
Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Мината година во пожарите загинаа 27 лица а беа уништени повеке од 400 000 хектари земја.
САД и Велика Британија рано утрово нападнаа 36 цели на бунтовничката група Хути во Јемен. Пентагон соопшти дека во нападите биле затрупани складиша за оружје, ракетни системи, лансери и други способности што Хутите ги користеа за напад на бродовите во Црвеното Море.
-Оваа колективна акција испраќа јасна порака до Хутите дека тие ќе продолжат да носат понатамошни последици ако не ги прекинат нивните нелегални напади врз меѓународните бродови и поморски бродови, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа вели дека гагаат само бродови поврзани со Израел во знак на солидарност со Палестинците, и им порача на Вашнгтн и Лондон дека ќе одоговарт на нивните напади. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на владата изјави дека Израел нема да ја прекине војната додека не се постигнат сите негови цели.– уништување на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел.. Последните податоци на Министерството за здравство во Газа, кое го раководи Хамас, велат дека 107 Палестинци загинале во израелските напади, а 165 се повредени во изминатите 24 часа. Според соопштението, во израелските напади врз Газа од 7 октомври мината година досега загинале најмалку 27.238 Палестинци, а 66.452 се повредени.
Руското министерство за вонредни сосотјнби соопшти дека најмалку 28 лица загинале во синоќешниот украински напад врз градот Лисичанск во Источна Украина, кој е под руска контрола. .Од таму велат дека мета била пекара популарна за време на викендот а во нападот било користено западно оружје. Украинските власти не дадода никаква изјава за руските обивнувања.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
