Loading Video...
Свет
3. February 2024 - 20:12

Преглед на вестите од светот

САД доцна синока извршија воздушни напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели повразни со Иранската револуционерна гарда и проиранските милиции во знак на одмазда  за неодамнешното  убиство на тројца  американски војници во Јордан , во близина на сириската граница.  Белата кука ја прогласи операцијата за успешна- уништени се командни и контролни центри, капацитети за складирање ракети, ракети и беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција.  Нападите ќе продолжат во места и време  по наш избор. Ние не бараме конфликт на Блискиот Исток или било каде на друго место во светот. Но, нека знаат сите оние кои сакаат да ни нанесат штета – ако наштетите на Америкцните, ние ќе одговориме“, порача Бајден.   Во нападите во Ирак загинале 16 лица, меѓу нив и цивили, соопштија ирачките власти, и негираа дека се координирале со САД за нападите. Во Сирија пак  биле убиени најмалку 18 членови на проиранските милиции. Нападите на САД  го нарушуваат „суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Ирак и Сирија  порачаа ирачките и сирските власти. Иран пак потезите на американскаат администрација   ги нарече стратешка грешка.

-„Ние природно го осудуваме секој потег против фронтот на отпорот и ги отфрламе и ги осудуваме овие напади кои природно ќе доведат до пламенот на отпорот и тие мора да дејствуваат мудро, што е многу малку веројатно, а ние не го гледаме тоа кај Американците. Ако постпауваат мудро.  треба да престанат да го поддржуваат ционистичкиот режим“, изјави  министерот за внтарешпни работи Ахмад Вахиди.

Американските трупи биле нападнати повеќе од 160 пати во Ирак, Сирија и Јордан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври со кој почна војната во Појасот Газа. .

Три лица се повредени во напад со нож во ПАриз. Инциднетот се случил утрово околу 8 часот на железнилката станица  Лион. Напагачот е приведен.  Полицијата соопшти дека  напагачот е  државјанин на Мали и имал  италијанска возачка дозовола. Мотивот е непознат.

-Засега нема елемент што укажува дека ова може да биде терористички напад, но уште еднаш во вакви случаи, секогаш треба да бидеме внимателни бидејќи истрагите од полицијата се во тек. Ќе има истраги на неговите телефонски записи, на неговиот живот во Италија, како и изјавите што ќе ги даде за време на неговото сослушување изјави Лоран Нунез, пприданик на полицијата во Париз.

Повредените не се во животна опасност  .

Најмалку 10 лица загинаа во шумските пожари шти беснеат во централниот и јужниот дел на Чиле. Најмалку 1000 домови се уништени во областите  Валпараисо и О Хигинс каде високите температури и силниот ветер ја отежќнуваат работата на пожарникарите.  Претседателот на Чиле прогласи вонредна состојба со цел, како што наведе , да ги има на располагање сите потребни средства за борба против пожарите.