Loading Video...
Свет
18. November 2023 - 17:15

Преглед на вести од светот

Најмалку 32 лица загинаа во израелските воздушни напади врз станбени блокови и куќи во близина на градот Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа рано утрово, тврдат здравствени власти во Газа.

Израел претходно нареди Палестинците во Кан Јунис да се евакураат за нивна безбедност, најавувајќи дека ги проширува воените операции против Хамас во одредени области на југ. Ова ќе прунуди стотици  илјади Палестинци кои избегаа на југ од северна Газа, да се преселуваат повторно. А во северна Газа продолжуваат бомбарирањата врз цели на Хамас, како и претресот во АЛ Шифа, најголемата болнца во појасот. 

Израел го обвинува Хамас дека ја злоупотребува болницата за воени цели , милитантите негираат. Болницата која е без струја, инкубаторите за новороденчиња и во која апаратите за дишење не функицонираат, утрово ја напуштиле повеќето пациенти, медицински персонал и бегалци. Нејасно е кој дал наредба за евакуција. Лекарите рекоа дека израелската војска наредила евакуација, но Изарел вели дека го исполниле барањето на директорот на болницата.

Во болнциата останеле 120 неподвижни пациенти и дел од персоналот. Светската здравствена органзација ги критукуваше континуираните напади на Изарел врз Газа.

„Нападите на Хамас и другите вооружени групи врз Израел, убиството на 1.200 луѓе и земање на повеќе од 200 заложници беа целосно неоправдани. Но, со најмалку 11.500 убиени жители на Газа, 70 отсто од нив жени и деца; со раселени 1,7 милиони луѓе; со две третини од болниците во Газа надвор од функција; без струја, без гориво, без чиста вода, без храна; со секоја бомба што убива или осакатува дете; со секое семејство закопано под урнатините на својот дом; обемот на одговорот на Израел се чини сè понеоправдан“, изјави  Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел се закани дека ќе ја уништи милитаната група која го контролира појасот Газа. Во мегувреме Хезболах истрела проектили од Либан кон северот на Изарел, при што се повредени тријца Израелци.

Финска синоќа  затвори четири од деветте гранични премини на границата со Русија обидувајки се да го сопре приливот на баратели на азил, за кој Хелсинки тврди дека го поттикнува Моксква. Русија негира.

Се работи за премините Валима, Нуијами, Иматра и Ниирала во југоисточна Финска, преку кои се одвива главниот проток помеѓу двете земји. Кратко по поставување на барикадите на преминот Ниирала дошло до судри помегу финските граничари и голема група мигранти од Сирија и Ирак која се обидела насилно да влезат од Русија. Портпаролот на Кремљ изјави дека Финска трагна по патотот на уништување на билатералните односи. 

- Отсекогаш сме имале заемно корисни односи со Финска, со меѓусебно почитување и разбирање Никогаш во модерната историја Русија не и се заканувала на Финска, немавме причина за каква било конфронтација, а сега тие избраа пат кој, од наша гледна точка, е голема грешка- рече Песков.

Финска има граница од 1340 километри со Русија, која е и надворешна граница на Европската Унија. 

Огромната ракета на Илон Маск беше лансирана од американската држава Тексас како дел од вториот пробен лет, седум месеци откако првиот обид заврши со експлозија. По само осум минути лет во вселената, од компанијата Спејс-икс соопштија дека го изгубиле контактот, поради што биле прунудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи ракетата да скршне од курсот.

- Целта на денешниот тест беше вселенското летало да се оддели од бустерот и да се испрати во вселената на 90-минутен лет, по што требаше да падне покрај брегот на Хаваи. Денешниот тест ќе ни помогне да ја подобриме сигурноста на ракетата дизајнирана да испраќа астронаути и товар на Месечината и Марс, изјави Маск.