Loading Video...
Балкан
11. јуни 2023 - 16:30
Предвремени парламентарни избори во Црна Гора
Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Околу 540.000 гласачи имаат право да избираат меѓу 15 партии и коалиции.
Изборите се први во Црна Гора во повеќе од 30 години на кои не се појавува Мило Ѓукановиќ, по поразот на последните претседателски избори.
Анкетите и аналитичарите предвидуваа дека Европа сега, новоформираното центристичко движење, најверојатно ќе добие најмногу гласови, но без доволно места за самостојно да формира Влада во парламентот кој има 81 столче. Демократската партија на социјалистите, која порано ја предводеше Ѓукановиќ, доживеа пад на популарноста.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
