Предлогот на малите партии се враќа во собраниска процедура, прагот ќе се утврдува во постапката
Предлогот за една изборна едница на помалите партии што веќе се во собраниска процедура да биде актвиран. Ова е заклучокот од денешните работни средби на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со помалите коалициски партии од власта: ДОМ,Српската странка и Демократската партија на Турците.
На јавна расправа за измените ќе треба да се утврдува колкав треба да е изборниот праг што треба да биде надминат за една партија да освои пратенички места.
Иако не било тема на разговорите, Морачанин потврди дека се согласува и со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ - укинување на предизборната техничка влада и намалување на бројот на пратениците во Собранието.
Средбите на опозициската партија продлжуваат и утре со БЕСА. Но, неизвесно е дали ќе има средби и со Алијанса на Албанците и ДУИ. Партијата на Села инсиситра на 8 изборни едници со отворени листи, додека пак, ДУИ не го открива ставот за една изборна едница.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега не е потребна средба со СДСМ.
Во СДСМ вчера обивнија дека опозицијата е лицемерна и ги лаже малите партии. Велат дека и тие поддржуваат една изборна единица, но сметаат дека за тоа треба да постои консензус меѓу сите политички актери.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
