Македонија
10. February 2024 - 19:59

Предлог за разрешување на Таравари

Со иницијатива за разрешување на Таравари и одлука за свикување на партиски конгрес на 18 февруари и крилото на Села го одржа партиското Собрание. Поранешниот партиски лидер вели дека ја добил поддршката од повеќе од 100 делегати кои денеска присуствуваа на партискиот собир кој се одржа зад затворени врати

Каде се гледа себе и она што му остана од партијата во пресрет на изборите Села денеска не сакаше да каже. Вели, тоа се одлуки што ќе ги носат партиските тела .

Состанокот на крилото на Села следи откако во четвртокот, лидерот Таравари одржа партиски состанок во Куманово на кој ја потврди одлуката неговата партија да оди во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши, позиција на која се противи Села. Одлуката на Таравари ги чинеше разрешување двајцата министри кои јавно му дадоа поддршка, а Собранието за во понеделник веќе има закажано седница на која треба да се изберат нови министри кои доаѓаат на предлог на крилото на Села.