Македонија
4. April 2024 - 16:34

Предизборни ветувања на претседателските кандидати - има ли кој да ги слушне?

Претседателските канидати со големи очекувања ја стартуваа кампањата. Пораките веќе се испишани на билборди, рекламните спототви ги има и на тв и на социјалните мрежи, а од вечерва ќе се полнат и градските плоштади.

Младите се редовна тема во предизборните ветувања, но дали има кој да ги слушне пораките?

Дел од студентите со кои разговаравме велат дека немаат голем интерес за следење на кампањите на претседателските кандидати на телевизија. Некои видеа објавени на социјалните мрежи ќе ги слушнат велат, само ако се поврзани со нивните интереси.

Но има такви кои активно ги следат тв дуелите и реториката на политичките партии.

Младите имаат јасен став за очекувањата. Идниот претседател според нив треба да им посвети повеќе внимание. Повеќе пари за субвенциониран студенски оброк, пристојни услови за живот во студентските домови и повисоки стипендии очекуваат студентите, од идниот шеф на државата.

Скоро сите кандидати кои успеаја да соберат 10.000 потписи и за официјално да може да ја трчаат претседателската трка, во своите програми, ветија по нешто за младите. Фокусот на повеќето е, како младината да остане дома.