Македонија
6. November 2023 - 16:36

Предизборен национализам: Ахмети во Сопот отвори Музеј на УЧК со карта на „голема Албанија“

Предизборието на голема врата ги враќа националистичките прашања.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов во Сопот отворил музеј во кој главен експонат е знаме со карта на  Голема Албанија со делови на Македонија, Србија и Грција. Истата картата е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.

На Фејсбук Амхети објаснува дека се работи за спомен обележје на 64 убиени Албанци во 1944, но во музејот се изложени фотографии и од команданти на УЧК од Косово,како Адем Јашари, но и ликови од воениот конфликт во Македонија вклучително и самиот Ахмети во униформа.

Каратата на Голема Албанија, не е единствената провокација. Во медиумите се пренсува дел од говорот на Ахмети во кој тој наводно зборува дека идејата била Албанија без граници, но дека подоцна политиките се промениле, па било одбрано Албанците да бидат господари во оваа земја.

Реториката на Ахмети, викендов ја следеа и навивачите на фудбалскиот натрпервар Скупи – Вардар кои на транспаренти испишаа:

 „Имаме аманет кој ќе го завршиме: Срцето на Албанија да биде историскиот град Скопје“.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ДУИ користи национализа за да ја прикрие корупцијата во своите редови.

Интегративците шак, сметаат дека нациопнализам има во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Минситерот Бујар Османи, како албанофобична ја смета изјавата на потпретседателот Николовски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицира со ДУИ и да победи на изборите.

-Не е тоа првпат се сеќавам на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше ДУИ да оди во опозиција, па знаете каков беше исходот. Навистина овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи за добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија каква што е Северна Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ можам само да им кажам дека додека е ДУИ и Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно, така што сите тие закани се безвредни – изјави Османи.

Прашан заошто ДУИ ги поистоветува со сите Албанци, Османи вели дека ДУИ ја претставува мнозинската волја на Албанците.