Пред спиење заштитете ја кожата за да се разбудите свежи и одморни

За да ја одржите свежината и мекоста на кожата и да изгледате одморно и сјајно секое утро, многу е важно да ја заштитите кожата пред да одите на спиење.
Покрај бришењето на шминката и миењето лице пред спиење, пожелно е да се навикнете на уште неколку трикови за убава кожа.
Пред се мора да купите ноќна крема која одговара на вашиот тип на кожа. Мора да бидете внимателни бидејќи ако изберете погрешна крема, ќе добиете контра ефект. Ноќната крема нанесете ја секогаш по симнување на шминката и чистењето на лицето.
Глинените маски се идеални за хранење на кожата пред спиење. За здрав изглед на кожата наутро, неколку пати неделно пред спиење нанесете глинена маска за лице, измијте ја и намачкајте го лицето со ноќна крема.
Памучните маски исто така се одлични за одморен и млад изглед на кожата. Можете да ги користите секој ден, а најдобри се тие од 100 отсто памук и висок степен на пропустливост. Покрај маските за лице, маските за очи ќе ве заштитат од будење со подочници и потечени очи. Исто така, маските за очи помагаат во делување на кремите или производите кои ќе ги нанесете околу очите пред спиење.
На крај, на кожата најмногу и треба витамин C кој помага во производство на колаген. Ако не конзумирате доволно витамини во текот на денот, пред спиење испијте шумечки витамин С за младешки и сјаен изглед на кожата наутро.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
