Македонија
15. January 2023 - 16:32

Празниците потврдија дека на Охрид му недостасува туристичко-угостителски кадар

Дефицитот на кадар повторно исплива на виделина. За време на празниците и зголемениот обем на работа во угостителските објекти повеќето туристички работници долж ривиерата бараа келнери, шанкери и кувари.

Студентите од Факултетот за туризам сметаат дека поради ниските плати младите ја избегнуваат оваа професија иако има стручен кадар.

Ниските плати и условите за работа се едни од клучните проблеми зошто оние кои се обучиле за оваа професија се одлучуваат да работат надвор од нашата земја.

Сопствениците на рестораните велат дека со месеци се обидуваат да најдат келенери и шанкери, тие што ќе се пријават за работа главно се млади луѓе, најчесто без искуство, а кога ќе го стекнат, ја напуштаат работата. 

Поради одливот на стручна работна сила надвор од државава, во Македонија сè повеќе се јавува дефицит на квалификуван кадар во повеќе дејности.