Македонија
19. April 2023 - 12:20

Правниците бараат измени на законот со кој платите на функционерите пораснаа за близу 80 проценти

Струшките адвокади бараат измени во законот за плати на функционерите. Адвокатот Глигорие Ќатоски бара Политичката елита да покаже солидарност кон својот народ во криза. Тој смета дека ваквата измена на законот е економски оправдана имајќи предвид дека во изминатиот период земјата се соочуваше со корона криза, економска криза, а сега и криза предизвикана од воениот конфликт во Украина.

Оваа измена е неопходна од причина што финансискиот надоместок на функционери не треба да биде основен стимул за да се биде на висока државна функција.

Со одлуката на Уставниот суд на 21 март годинава се укинаа одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што значително ќе се зголеми основицата за пресметување на плата на функционерите.