Правда ќе ги бара списите за Груевски

Од Министерството за правда попладнево излегоа со став, појаснувајќи дека за Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019.
„Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.
Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.
Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди потребните документи. Во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, стои во соопштението на министерството.
Ново на Сител
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
