Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп

„Оси“ (Aussie), всушност, е австралиски сленговски назив за „Австралиец“. Докинс, сега, званично се вика Остин Летс Трамп. Тој на својот интернет-простор го објави и официјалниот документ со своја фотографија и правна потврда за промена на името од Државниот регистар на родени, умрени и венчани. Името на пратеникот, исто така, е додадено и на интернет-страницата на Парламентот.
„Покренав политички протест против тиранијата и системската корупција на лабуристичката Влада“, напиша пратеникот синоќа на Икс, потпишувајќи се како Оси.
„Гласајте против лабуристите! И – ‘да ги избушиме јако’! (‘Drill Baby Drill!’)“, напиша Оси во друга објава, повторувајќи ја крилатицата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој со неа најави зголемено искористување на нафтата и гасот во САД.
Патем, Бен Докинс беше исклучен од Лабуристичката партија во 2023 година, поради повеќекратни наводни прекршувања на забраната за семејно насилство.
– Со ова, тој само привлекува внимание, рече премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, кој ги предводи Лабуристите. – Не сум сигурен колку ниско може да оди, додаде тој.
Во Западна Австралија следниот месец се одржуваат локални избори, пред целата земја да излезе на општи избори коишто мора да се одржат до мај.
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
