Loading Video...
Балкан
27. July 2023 - 16:28

Пожарот на Халкидики ставен под контрола

Под контрола е ставен пожарот што околу пладне избувна на тревната површина помеѓу Метаморфози и Никити на грчкиот полуостров Халкидики. Интервенирале 37 пожарникари со 12 возила и хеликптер.

Во меѓувреме борбата со пламените јазици продолжува на островите Родос, Крв и Евија, како и во областа Магнезија во централна Грција. Во шумскиот пожар што вчера изби во близина на градовите Волс и Велестино во областа Магензија загинаа две лица а неколку фабрики и фарми се уништени.

Грција со шумските пожари се бори повеќе од 10 дена и досега како што соопштија тамошните власти загинале најмалку 5 лица.