Пожарникарите со возила стари 40 години
Недостигаат пожарникари во Охрид , а возилата што ги возат се претежно стари. Моментално во противпожарната територијална единица има 39 пожарникари а недостигаат минимум уште 7 мина. Сето ова на пожарникарите им го отежнува нормалното функционирање и делување на терен, иако секогаш велат дека прават максимални напори за успешно да се справат со огнената стихија.
Иако моментално располагаат со 7 противпожарни возила она што е дополнителен проблем е и тоа што истите се со просечна старост од околу 40 години а проблем е и дотраената опрема наменета за пожарникарите.
Инаку противпожарната единица од Охрид оваа година имала 520 интервенции вкупно од кои 217 пожари a oстанатите интервенции се однесувале на извлекување повредени во сообраќајни несреќи ,заглавени станови и обезбедување на разни манифестации.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
