Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби

Пожари од широки размери го зафатија подрачјето над градовите Круја и Ѓирокастро, во чие локализирање и во текот на ноќта ангажирани беа голем број оперативни сили.
-Операциите за изолирање и контрола на пожарот на над Круја, кој поради ветерот брзо се ширеше, продолжија со интензивен интензитет, со непрекинато ангажирање во текот на целата ноќ на структурите за цивилни вонредни состојби и вооружените сили, изјави албанскиот министер за внатрешни работи Бесфор Ламалари.
Според него, во операцијата учествуваа над 200 лица од структурите за цивилни вонредни состојби и вооружените сили, како и 80 лица од противпожарната заштита и спасување, 21 противпожарни возила, три хеликоптери, дронот „Бајрактар ТБ2“, два дрона со термални камери и амбулантни возила.
-Најтешка беше ситуацијата во областите Барабит и Љубан, каде беше издадена наредба за евакуација на жителите, бидејќи нивниот живот ни беше апсолутен приоритет. За среќа немаме човечки загуби, изјави министерот за одбрана Ермал Нуфи, кој заедно со Ламалари цела ноќ беа на терен.
Пожарот го предизвикал Ќ.Б. (73) и тој брзо се проширил и зафатил големи површини.
-Почит и благодарност до нашите херои на првите линии во овој предизвикувачки август, каде што синоќа жителите на Круја се убедија дека не се сами во нивните исклучително тешки часови, објави утрово на социјалните мрежи албанскиот премиер Еди Рама.
За разлика од Круја, каде битката со пламените јазици продолжува, пожарот кај Ѓирокастро, меѓу селата Андон Поли и Хундкуќ е изгаснат, но дел од службите се се уште на терен и ја набљудуваат состојбата.
Надлежните апелираат на голема внимателност поради високите температури кои на одделни места се над 40 степени и доколку забележат пожар веднаш да се јават на телефонскиот број 112.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
